Македонската репрезентација во одбојка вечерва напиша историја, откако за прв пат обезбеди учество на Европско првенство.

„Жолто-црвените“ вечерва со 3-0 (25:21, 25:20, 25:21) ја победија Унгарија и како една од петте најдобри второпласирани селекции во групата, се пласираа на континенталниот собир кој ќе се игра од 12-29 септември оваа година во 4 земји – Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Нашите одбојкари, поттикнати од другите денешни резултати кои ни одеа во прилог, беа исклучително мотивирани и без проблеми ја совладаа селекцијата на Унгарија во СРЦ „Кале“.

Најдобар кај нашиот тим беше Ѓорѓиев со 17 поени, Љафтов заврши со 14 поени, додека Манџуков помогна со пет.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 02:10