Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Матијашевиќ по триумфот над Унгарија и обезбеденото учество на Европското првенство сите заслуги им ги препиша на играчите.

– Момците заслужија да се радуваат. Не бевме перфектни, но одигравме добро. Во прилог ни одеа и резултатите од другите натпревари, така што коцките се вклопија. Пред натпреварот им реков да се насочат само на Унгарија и да не мислат на ништо друго. На крајот среќата ни се насмевна, изјави предводникот на „спартанците“.

Македонија за прв пат во својата историја ќе игра на одбојкарски континентален шампионат.

ЕП 2019 ќе се игра во септември, а ќе го организираат Франција, Белгија, Холандија и Словенија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 10:58