Новогодишниот турнир во мал фудбал ,,Есперо“, што по повеќе од десет година беше обновен во Гевгелија по иницијатива на организаторот ФК „Кожуф“ и под покровителство на Општина Гевгелија, заврши со триумф на екипата ,,Пајдаков-Бекарт“ од Гевгелија која во финалето ја совлада екипата на ,,Казино Фламинго“ со убедливи 5:1.

За освоеното прво место, победникот доби парична награда од 120.000 денари, а поразениот во финалето за освоено второ место доби 80.000 денари.Третото место во сениорска конкуренција го освои екипата на ,,Свид дин“ која со 5:0 славеше во дуелот со ,,Баламов компани“.Победникот во утешното финале освои парична награда од 40.000, а поразениот од 20.000 денари.

Наградата за најдобар фудбалер му припадна на Зоран Левенски од победничката екипа, за најдобар голгетер беше прогласен Раде Ристенски,а наградата за најдобар голман му припадна на Трајче Ников од екипата на ,,Казино Фламинго“.

На обновениот турнир во мал фудбал, кој според зборовите на организаторот и покровителот, ќе ја продолжи традицијата, годинава учествуваа 24 екипи од општините Гевгелија, Дојран, Струмица и Кавадарци.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 11:46