Снегот кој во текот на вчерашниот ден непрекинато паѓаше околу 15 часа,на територијата на општина Гевгелија не создаде никакви проблеми во одвивањето на сообраќајот на локалните, регионалните патишта и на градските сообраќајници.

Вработените во фирмата ,,Карго рент“, кои се задолжени за чистење на локалните патишта беа цело време ангажирани со механизацијата и успеаја на време да ги расчистат сите патни правци на територијата на општина Гевгелија,а пак комуналните работници одлично ја завршија работата во ноќните часови така што главните сообраќајници во градот и јавните површини се целосно чисти.

Војот дел од работата го завршија и вработените во ЈП ,,Македонија пат“, кои интервенираа на автопатот и на регионалните патни правци кои се проодни и на кои сообраќајот се одвива без застој.

Единствениот проблем се јави на делот од патот што го поврзува селото Смоквица со клучката на автопатот ,,Пријателство“, каде моментно е ангажирана механизацијата на ,,Карго рент“ и се очекува во најбрз можен рок снегот да биде отстранет и од тој дел на патот,потврдија од општи



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 16:55