Снегот што врне два дена непрекинато во Кичево и Кичевско, веќе предизвикува големи тешкотии во одвивањето на собраќајот. Во градското подрачје снежната покривка изнесува 30 сантиметри, а пак во руралните средини покривката е двојно поголема.
Според портпаролот на општина Кичево Емин Насуфи има тешкотии поради обилните непрекинати врнежи.
– Службите ангажирани на терен работат со полн капацитет и главните патни правци се проодни дури и до највисоките подпланински места. Има тешкоти, се препорачува внимателно возење и се апелира до граѓаните да не излегуваат со сопствените возила без поголема потреба бидејќи и паркираните возила низ градот предизвикуваат проблем за службите што работат на чистење на терен, вели Насуфи.