Поради снегот кој денеска непрекинато врне во реонот на Велес и велешко сообраќајот на сите патни правци се одвива отежнато.
Сепак сите локални и регионални патишта се исчистени, а на што континуирано работат екипи на „Македонија пат" и фирми ангажирани од општините Велес, Чашка и Градско информира за МИА, Влатко Добревски од Центарот за справување со кризи.
– Екипите со механизацијата се на терен и постојано работат на расчистување на новите снежни врнежи од патиштата. Тие исто така фрлија и поголеми количества на сол и ризла по велешките улици и локалните и регионални патишта. Поради ниските температуруи и можните подмрзнувања на патиштата во текот на ноќта и утре сабајле и можноста на возачите им се препорачува внимателно возење на возачите, потенцира Добревски.
Инфирмира дека автобускиот сообраќај до Велес се одвива непрекинато со мало задоцнување на автобусите од десет до петнаесетина минути. Инаку железничкиот сообраќај се одвива редовно и без прекини, информираат од Центарот за справување со кризи.