Кавадарчани ги оставаат чешмите да течат за да не замрзне водата во цевките во зимски услови и минусни температури, засега благо е зголемена потрошувачката на вода за пиење во Кавадарци.
Оваа информација за МИА ја потврди Бојан Атанасов, раководител на работната единица за водовод и канализација при кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец".
– Како по обичај, тоа се прави во овој период од годината. Апелираме до кавадарчани да не го прават тоа и понатаму. За да не ја зголемуваат потрошувачката на вода за пиење, нагласи Атанасов.
Додаде дека засега и покрај врнежите од снег и ниските температури, немаат проблем со пукнати цевки во водоводната мрежа.