Сите улици и патишта во Кавадарци и Росоман се проодни по интензивните врнежи од снег. Снежната покривка во Кавадарци, во градот е значително помала, споредено со ридско планинскиот дел каде има снежни наноси и до 1,5 метар.

Од општината информираат дека зимската служба активно дејствува и сите улици и патишта се проодни. Се апелира до граѓаните, доколку немаат поголема итност, да не патуваат кон селата од Бошавијата, бидејќи сообраќајот се одвива во зимски услови.

И од општина Росоман информираа дека утринава дејствувала службата за зимско одржување на улиците и патиштата и била расфрлана сол и ризла како на улиците во Росоман, така и на патните правци до Сирково, Камен Дол, Трстеник и Манастирец.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 21:38