Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 10:34