На терен е механизација со плуг за расчистување а кашестиот снег.
Во вечерните часови се фрлаше сол и ризла на улиците, на нагорниците, осојничавите места.
– И локалните патишта кон селата се проодни, информираше, Момчило Јовановски од секторот за урабнизам од општина Куманово.
Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило" ги чистеа приодите и пристапите во централното градско подрачје.
Општина Куманово остави и контакт телефон 078 365 061 на кој граѓаните можат да се јават во случај на големи наноси од снег и непроодност на патштата.
Останува обврската сопствениците на трговските објекти да го расчистат снегот пред нивните дуќани, локали.