Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан во 11:45 часот, соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.