Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, е укината во 12:30 часот, информират од Автомото сојузот на Македонија.

Претходно во 11:45 беше укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 13:30