Компанијата концесионер на градските паркинзи во Битола ноќеска по полноќ изврши чистење на најголемиот градски паркинг во општината.
Станува збор за паркингот кој се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“ пред битолскиот Центар за култура и е со најголем капацитет во централното градско подрачје.
Дневниот ангажман на градежната оператива и паркираните возила не овозможуваа чистење на централниот градски паркинг во Битола, но тој од ноќеска е во функција.
Акциите за чистење на високата снежна покривка на улиците и тротоарите во Битола и Битолско продолжуваат и наредните денови.