Во последниот месец од изминатата година до општина Гевгелија, граѓаните најмногу приговори поднеле за уличното осветлување. Дури 39 барања се однесувале на отстранување дефекти на одделни улични места за осветлување, каде интервенциите биле најчести, како и за инсталирање на нови линии.

Од општината денеска информираа дека 24 од поднесените барања биле веднаш решени,а дека останатите 15 биле отстапени на решавање од страна на надлежните општински служби.

Околу реализацијата на барањата за инсталирање нови линии за улично осветлување беше одговорено дека реализацијата на таквите барања ќе зависи од динамиката по која ќе се одвива Програмата за комунално уредување на општина Гевгелија во 2019 година во која се предвидени и изведбени работи за инсталирање на нови линии за улично осветлување во градот и населените места.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 17:03