Пробиштип почна со проширување на Филтер станицата. Станува збор за капиталeн проект, што се реализира со најголемата донација досега за oпштината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов за МИА вели дека од декември 2018 година фирмата „Искра“ од Словенија е вклучена во проширувањето на филтер станицата.

-Со проширувањето на Филтер станицата се зголемува капацитетот, односно од 75 литри на 100 литри на секунда. Но, во функција ја ставаме и старата пумпна станица во село Ратавица, со што ќе имаме и можност да обезбедиме и техничка вода за приватниот сектор, што ќе биде големо олеснување, вели Анастасов.

Проектот чини 1,2 милиони евра, кои се обезбедени од Словенија и од буџетот на Владата на Република Македонија. Општина Пробиштип има филтер станица, а водата за пиење ја обезбедува преку најсовремениот систем за водоснабдување во источниот регион Хидросистемот „Злетовица“.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 17:26