Општина Новаци успешно се справува со интензивните врнежи на снег која ја зафатија територијата на општината.

Од општина Новаци информираат дека таму каде што општината е надлежна, чистењето на снегот од локалните патишта, улици и тротоари го извршува ЈКП „Комунална Хигиена“ –Новаци.

– Чисти се и се одржуваат и регионалните патишта. Целосно е исчистен патниот правец Битола –Новаци – РЕК Битола, во функција и со нормализиран сообраќај се и регионалните патни правци Новаци – Добромири – Добрушево, регионалниот патен правец Битола – Новаци – Маково – Рапеш – Старавина, регионалниот пат Гермијан – Старавина – Витолишта, а вклучени се и селата Брод, Живојно, Бач и Добровени, истакна градоначалникот на општина Новаци, Љупчо Кузманоски.

Градоначалникот Кузманоски потврди дека на територијата на општина Новаци нема отсечени населени места.

-Досега немаме најава и за некоја загрозеност по човечки живот, а доколку има тогаш во функција на општината е и Горско спасителното друштво „Ава Кота“, чија екипа е обучена за спасување во екстремни состојби. Сите надлежни органи будно ја следат состојбата и доколу има потреба ќе ангажираме и дополнителна механизација со цел проодност и фунционалност на сите патишта во општина Новаци, нагласи Кузманоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 17:43