Во просториите на Здружението на слепи и слабовидни лица во Кичево, заменикот директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани врачи донација од шест илјади евра во денарска противвредност до претседателот на здружението во Кичево Зендел Зулбеари.
Заменикот директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани во оваа прилика рече дека секоја година се трудат да помогнат на разни здруженија за кои мислат дека помошта им е неопходна, па така, како што посочи, и оваа година одвоиле дел од средствата на компанијата.
-Со нашиот пример сакаме да делуваме поттикнувачки и за други фирми и компании за да помогнат на вакви или слични здруженија во земјата – додаде Лимани.
Претседателот на Здружението Зулбеари се заблагодари за дадената помош и изрази надеж дека наскоро, кога ќе се гради новата општинска зграда во Кичево, на Здружението ќе му се додели пристојна канцаларија, бидеќи, како што рече, сегашните простории се навистина во лоша состојба.