Општина Куманово ги повика даночните обврзници да поднесат пријава за утврдување данок на имот за 2019 година и пријава за утврдување комунална такса за фирма на деловна просторија.

Пријавите треба да ги поднесат правните субјекти и физичките лица кои во 2019-та година стекнале имот или почнале да го користат минатата година, а не поднеле пријава, за кој настана промена во сопственоста и во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и слично). Пријава треба да поднесат и сите даночни обврзници кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во период од 1994 до 2018 година не поднеле даночна пријава за утврдување на данок на имот.

Даночната пријава треба да се поднесе до Секторот за даноци и такси, најдоцна до 31 јануари 2019-та година. Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 1994 до 2018 година, а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот не поднесува даночна пријава.

Даночните обрврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по оваа покана, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци, согласно Законот за даноците на имот, стои во соопштението на oпштината

Пријавата за утврдување комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно деловна единица поднесуваат таксените обврзници самостојни вршители на дејност и правните лица за регистрирана фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за извршување на соодветна дејност кои досега немаат поднесено пријава до надлежниот орган за утврдување на обврската по основ на комунална такса.

Пријави треба да поднесат и таксените обврзници кои имаат поднесено пријава за утврдување на обврската по основ на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица кај кои во досегашниот период постојат промени.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2019 13:56