Општина Кавадарци ќе помогне на семејството чиј дом утрово беше зафатен од пожар, велат за МИА од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Оттаму појаснуваат дека по проценките на штетата, одлука за висината на помошта ќе донесе Советот на општината.

Десет кавадаречки пожарникари во два тима го гаснеле пожарот од 1.45 до 4 часот. Во гаснењето помагале и таткото и синот од семејството чија куќа настрадала од огнот. За среќа, нема повредени.

-Со сите сили ги гасневме пламените јазици на минус шест степени целзиусови, се боревме со огнената стихија. По нашата брза интервенција, големиот пожар беше локализиран, а огнот не се прошири на околните куќи, нагласија од кавадаречката противпожарна единица.

Куќата не е целата изгорена, но сега е без покрив и без услови за живот во неа. Покуќнината е целосно уништена. Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2019 14:02