Семејството од куќата која изгоре утринава во Кавадарци е сместено кај роднини, најавена е помош и од општината и од компанијата „Кожувчанка".

Стапив во контакт со семејството и за нив ќе биде обезбедена целосна помош од општината и од компанијата „Кожувчанка", како финансиска, така и во механизација. Целосно ќе се расчистат остатоците после пожарот и ќе им се помогне на оштетените да добијат дом. Во меѓувреме семејството е сместено кај свои роднини, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2019 14:40