На 28. карате турнир „ГРАНД ПРИ КОАЦИЈА“ во Самобор, Хрватска на кој учествуваа 1611 каратисти од 24 држави и 211 клубови, во конкуренција на 45 сениори, македонскиот каратист Петар Заборски успеа да влезе во најдобрите четири спортисти.

Тренерот на карате клубот „Макпетрол“ Бошко Заборски информира дека до влезот на големото финале, Петар имал вкупно седум борби од кои пет победи и два порази од Хрватските репрезентативци Квесич Анџело и Иван Квесич, што е, како што вели, доволно за бронзениот медал.

Во елиминацискиот дел нашиот репрезентативец, член на скопски „Макпетрол“, имаше четири победи и тоа: 1. коло Петар .З – Марко Кардиан Италија победа со 3-0 2. коло Петар.З – Маријан Логарушич Хрватска, победа со 3-0 3. коло Петар.З – Стефан Петков Бугарија, победа со 1-0 4. коло Петар. З – Енес Гарибович Хрватска, 1-1, победа со прв земен поен Во вториот дел Петар Заборски имаше дополнително уште три борби и тоа со: 5. коло Петар .З – Анџело Квесич загуби со дисфалификација 6. коло Петар .З – Анес Чонго Босна и Херцеговина, победи со 4-2 7. коло Петар .З – Иво Квесич борбата заврши нерешено 0-0, на судиско изјаснување судиите дадоа победа на светскиот шампион. За оваа судиска одлука имаше негодување од страна на публиката, но судиската одлука е последна. За овој елитен дел од турнирското преставување во сениорска конкуренција во апсолутна категорија, организаторот обезбеди и вредни парични награди, соопшти тренерот Заборски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2019 13:22