Додека речиси целокупната македонска спортска јавност е преокупирана со националната ракометна селекција која во моментов настапува на СП, се случи и првиот сериозен скандал.

Имено коментаторот на МРТВ2, инаку национален јавен сервис, кој го вршеше преносот од дуелот помеѓу Јапонија и Македонија отиде толку предалеку што се дрзна да не го споменува името на Стојанче Стоилов.

Кога требаше да се изговори неговото име, тој говореше „играчот со број 5“. Крајно непрофесионално и неетички, нешто што заслужува осуда, но и казна.

Инаку, дотичниот лик е уредник на спортска редакција на албански јазик во МТВ, Мустафа Адеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2019 05:36