Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден, го повтори „анти-рекордот“ во НБА по број на промашени удари за три поени на еден натпревар. „Брадата“ ноќеска на средбата со Орландо реализира само една тројка од 17 обиди.

Претходно 16 промашени шута за три поени имаше Дејмон Стадемајер од Портланд во сезоната 2004/05. Тој постигна пет тројки од 21 на дуелот со Голден Стејт.

Инаку, Харден и покрај лошиот ефект за тојка, беше најефикасен во поразот на Хјустон (109:116) со 38 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2019 10:44