Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без многу проблеми го победи Американецот Мичел Кругер со максимални 3-0, по сетови 6:3, 6:2, 6:2 во 1.коло на Австралија опен.

На патот кон седмата титула на Грен слемот во Мелбурн, следна пречка на Србинот ќе биде Жо-Вилфред Цонга од Франција.

Во меѓусебните дуели Ѓоковиќ води со 16-6.

Австралија опен се игра за награден фонд од 29,7 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 12:25