Стефан Петерхансел, 13-кратниот шампион во релито Дакар, се повлече од трката оваа година по несреќата која ја доживеа во Перу во претпоследната фаза.

Французинот, чиј прекар е „господин Дакар“ поради неговите успеси на две и на четири тркала, беше рангиран на четвртото место по почетокот на етапата во Писко, но несреќата го извади од трката.

Тоа се случи на 26-тиот километар од 312-километри долгата етапа. Петерхасел не е повреден, но неговиот ко-пилот во автомобилот „Мини“, Дејвид Кастера, сепак има болки во грбот.

Лидер во рангот е Насер Ал-Атија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2019 18:32