Пред стартот на вториот дел од сезоната, македонскиот кошаркарски прволигаш, Вардар успеа да го засили ростерот со три нови имиња.

Младинскиот репрезентативец Славчо Темелковски доаѓа од актуелниот шампион Работнички, ќе биде засилување на центарската позиција, а со бековската позиција ќе „раководат“ поранешниот младински репрезентативец Андреј Цветковскиод екипата на Блокотехна и американецот Ник Тарнер кој доаѓа од екипата на Грац (Австрија) и бил дел од „НЦAA“ лигата.

Во клубот се враќаат и браќата Наумоски, Михаил и Адриан кои во првиот дел од сезоната беа во турски Галатасарај, соопштија од клубот.

Вардар утре против Куманово ги продолжува своите натпревари од Првата лига. Во моментов е на 10 место со 12 бода на табелата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2019 15:53