Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се најде во една непријатна ситуација на Австралија опен.

Според „Ле Фигаро“, тој бил задржан од обезбедувањето во моментот кога се обидел да влезе во зоната на играчите.

Швајцарецот не ја носел со него акредитацијата, па безбедносните служба не го пуштиле и покрај статусот на тениската ѕвезда.

Сепак, ситуацијата брзо се реши. Еден од стручниот штаб во таборот на Федерер отиде во хотелот и му ја донесе акредитацијата по што играчот отиде во соблекувалната.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2019 10:51