Екипата на Блокотехна вечерва доживеа пораз на гостувањето во Стара Загора кај Берое 91-81 (48-39) во меч од регионалната БИБЛ лига.

Тимот на Марјан Илиевски беше конкурентен само во првата четвртина, која ја загуби со поен разлика (25-24) но во втората домаќините направија двоцифрена разлика, а потоа ја оддржуваа предноста и не дозволија изненадување на свој терен.

Кај Блокотехна најпрецизен беше Пен со 22, додека Мијатовиќ реализираше 19 поени. Когинс и Стојанов со по 18 поени беа најзаслужни за вечерашниот триумф на бугарскиот тим.

На табелата, гевгелискиот тим е на четвртата позиција со 10 бодови, зад третопласираниот Берое со досега максимални 12 бодови од шест дуели.

Следниот дуел Блокотехна ќе го игра на домашен терен против Барси Атирау.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 10:08