Американската тенисерка Серена Вилијамс по пропуштената голема шанса да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, рече дека ривалката во четвртфиналето го одиграла мечот на кариерата.

Вилјамс загуби од Плишкова со 2-1, при тоа не реализира четири меч топки, и испушти водство од 5:1 во третиот сет.

– Каролина одлично играше кога резултатот беше 5:1 за мене. Никогаш не сум видела нешто слично. Не можам да кажам дека направив нешто погрешно во овој натпревар. Таа само го одигра својот најдобар меч, особено во завршницата кога се одлучуваше победникот, изјави Вилијамс.

Во полуфиналето, Плишкова ќе игра со Јапонката Наоми Осака.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 11:27