Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Австралија опен. Денешниот противник на Србинот во четвртфиналето, Кеи Нишикори од Јапонија немаше сили д аго доигра цел меч и се предаде во текот на вториот сет.

Во моментот на прекинот Ѓоковиќ водеше со 6:1 и 4:1.

За Ѓоковиќ ова е седмо полуфинале на Грен слемот во Мелбурн и прво по 2016 година.

Противник на Новак во полуфиналето ќе биде Лук Пуј од Франција кој рано утрото беше подобар од Канаѓанецот Милош Раониќ со 3-1.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 12:06