Класичниот спуст на легендарната скијачка патека Штрајф во Кицбил беше поместен за еден ден и ќе се одржи утре, 25 јануари, во 11,30 часот по македонско време, наместо во сабота, на 26-ти јануари.
Организаторите направија промени во програмата овој викенд за Светскиот куп во алпско скијање поради лошите временски прогнози.
Останатите трки на Кицбил остануваат според програмата: слаломот е во сабота, супер-џи во недела.