Македонскиот кошаркарски тим МЗТ Скопје оствари победа на гостувањето кај Сплит со 76-78 (39-46) во меч од 17-тото коло од АБА-2 лигата.

За тимот од Аеродром ова беше 12-та победа сезонава со што го задржа второто место на табелата и е чекор поблизу до Ф4-турнирот.

Екипата на Ѓорѓи Кочов одигра слаба прва четвртина, по која губеше со 7 разлика (29-22), но во вториот дел тргна шутот за три поени, а на одмор се замина со водство на „металците“ од 39-46.

Третата четвртина заврши со иста предност за нашиот тим (52-59) а во последниот дел домаќините направија пресврт и поведоа со 72-68 на 4 минути до крајот, но Симоновски и Иванов со тројки ја вратија предноста.

При резултат 76-78 за тимот од Скопје, Калајџиќ промаши шут за израмнување и победата замина кај тимот од Аеродром.

Иванов беше најпрецизен кај МЗТ Скопје со 17 поени, Симоновски реализираше 15, додека Стојановски зад своето име запиша 14 поени.

Во следното коло од регионалната лига, македонскиот тим ќе биде домаќин на Вршац на 30 јануари



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2019 02:01