Една револтирана жена на социјалните мрежи сподели статус и две фотографии кој никого нема да остави рамнодушен.

-И денот продолжува…

Ова не е социјален експеримент!! Локацијата ви е добро позната, народ раздвижен во 15:30 часот колку ти душа сака. Сликите ви покажуваат се. Е сега мојот дел.

Никој да не застане??? Абе што луѓе сте вие што се движите по ова парче земја? Еден дечко една бабичка и јас тројца „будали“ двајцава си отидоа останав сама.

Брза помош: Не доаѓале бидејќи се наплаќало, почекајте 5-10 минути видете дали ќе се освести па јавете се пак!!! Алоо, Венко Филипче ПРИЕМ СЕ СЛУШАМЕ?

Полициска Карпош: Ало вака и вака…Од таму зачуден глас „Како тоа се наплаќа брза помош?“ ОК доаѓаме за 5 минути. Рака на срце точно за 5 минути брзи ефикасни и многу фини ги собрале и овие од брза помош.

Искача госпожата ми се врти и дрско и безобразно вика СКИТНИК Е.

И? Па што не барате за вакви јавете се во црвен крст! Молим? Дал сте вие нормални ако скитник треба да го оставам да умте???

За начинот и однесување и третман на брзата помош према полу мртов човек на сред минуси температури нема ни да ви раскажам, зашто е морбидно. Во држава каде народот е оставен на питачки стап брза помош не доаѓа за скитници!!!

Толку од мене пријатели јас почнувам да се пакувам, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2019 03:36