НБА лигата го суспендираше српскиот кошаркар Никола Јокиќ поради влегувањето од клупата на теренот за време на натпреварот помеѓу Денвер и Јута.

Како што се наведува во соопштението на Лигата, за време на конфронтацијата меѓу Фејворс и Пламли, Јокиќ влегол во областа зад кошот, иако во тој момент не бил во играта и затоа бил казнет.

Јокиќ е суспендиран за еден меч и нема да добие плата за нго, т.е. колку пари му следуваат според договорот за тој ден. Тој ќе го пропушти мечот на „нагетси“ против Финикс Санс.

Покрај Србинот, неговиот тимски колега Мејсон Пламли беше казнет со 25.000 долари, додека центарот на Јута – Дерик Фејверс, со 15.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 01:00