Џејмс Харден забележа повеќе од 30 поени во 22-ри натпревар по ред, при драматичниот успех на Хјустон над Торонто, со 121:119 во НБА лигата.

Харден беше најдобар стрелец за домаќините со 35 поени, иако тој пропушти 11 од 13 обиди во зоната за три поени. Ерик Гордон додаде 24 поени, а Кенет Фарид имаше 21 поен и 14 скокови. Домаќините запишаа две победи во серија за првпат овој месец.

Каваи Ленард се истакна со 32 поени, 7 скока и 5 асистенции за Торонто, но пропушти да го донесе успехот на гостите со шут од далечина со сирената, а гостите дозволија два последователни порази за прв пат од декември.

Резултати од НБА:

Орландо – Вашингтон 91:95 Бруклин – Њујорк 109: 99 Кливленд – Мајами 94: 100 Чикаго – Лос Анџелес Клиперс 101: 106 Хјустон – Торонто 121: 119 Мемфис – Сакраменто 96:99 Далас – Детроит 106: 101 Милвоки – Шарлот 108: 99 Денвер – Феникс 132: 95 Јута – Минесота 106: 102.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 11:38