Одбојкарот Васе Михаилов од ОК „Струмица“ и член на македонската репрезентација е избран за спортист на годината на Струмица за 2018 година на манифестацијата која се одржа синоќа.
Неговиот клуб е прогласен за најдобар во мината година, а тренерот на ОК „Струмица“, Кире Ричлиев е избран за најуспешен.
Најдобар млад спортист е каратистот Димитар Витанов од клубот „АБЦ“. Александра Ристовска е најдобар тренер во младински категории, а екипата на женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ е најуспешна младинска екипа.
На манифестациата на повеќе поединици и здруженија од масовниот спорт им беа доделени награди и призананија за постигнатите успеси.
Изборот на спортист се одржа во техничка организација на Општински сојуз на училишен спорт на Струмица, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица, а во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица.