Светската шампионка Никол Шмидхофер (Австрија) ја освои трката во Супер-Џи во германскиот зимски центар Гармиш-Партенкирхен, дел од Светскиот куп во ски-алпски дисциплини.

Шмидхофер заврши за 1:19,98 минути и ја забележа својата трета победа во кариерата и сезонава.

Ова е прв успех на Австријката во дисциплината откако другите нејзини две се од спустот во Лејк Луис на крајот на минатата година.

Втора на 23 стотинки заврши Италијанката Софија Гоџа, а трета со заостанување од 45 стотинки од секундата се нареди носителката на големиот Кристален глобус за 2016 година – Лара Гут (Швајцарија).

Микаела Шифрин (САД), лидер во Светскиот куп и во пласманот во дисциплината во сезоната, не зеде учество во трката.

Шифрин води убедливо во генералниот поредок со 1.494 поени, пред Петра Влхова (Чешка) со 898 поени, Венди Холденер (Швајцарија) со 637 и Шмидхофер со 581 поени.

За малиот кристален глобус во Супер-Џи, Шифрин исто е број 1 со 300 поени, пред Тина Вајратер (Лихтенштајн) со 268,која денеска заврши осма и Шмидхофер со 253.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 14:59