Францускиот скијач Клеман Ноел е победник на слаломската трка во Кицбил во Светскиот куп во ски-алпски дисциплини.

Шест дена откако славеше во слалом во Венген и на тој начин ја запиша првата победа за Светскиот куп, Ноел беше најбрз во Кицбил со време од 1:45.53.

Тој го остави зад себе австрискиот скијач Марсел Хиршер, кој беше побавен за 0,29 секунди, додека Французинот Алексис Пинтуро го освои третото место со заостанување од 0,36 секунди.

Минатогодишниот победник во Кицбил, Хенрик Кристоферсен (Норвешка) ја заврши трката како четврти.

Хиршер е прв во генералниот пласман со 1.116 поени, пред Кристоферсен, кој собра 671 поен.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2019 10:40