Борусија Дортмунд го декласираше Хановер со 5:1 во дуел од 19-тото коло на германската Бундеслига, кој се одигра на стадионот „Сигнал Идуна Парк“.

Ашраф Хаким го отвори резултатот во средината на првото полувреме, во кое гостите се држеа многу добро на теренот и во еден момент дури имаа повеќе упатени удари.

Работите се променија по паузата, кога „жолто-црните“ ја кренаа брзината. Марко Ројс го постигна својот 12-ти гол за сезоната, а седум минути подоцна неизвесност веќе немаше поголовите на Марио Геце и Рафаел Гереиро.

Во 86-тата минута Бакалорц постигна почесен гол за гостите, но во последната минута Аксел Витсел се погрижи да ја врати предноста од четири гола за своите.

На овој начин лидерот Борусија Дортмунд собра 48 поени и е на девет пред шампионот Баерн, кој гопречекува Штутгарт утре. Хановер е претпоследен со само 11 поени.

Резултати од Бундеслигата, 19.коло:

Манјц 05 – Нирнберг 2:1 Борусија Дортмунд – Хановер 96 5:1 Борусија Менхенгладбах – Аугсбург 2:0 Фрајбург – Хофенхајм 2:4 Волфсбург – Баер Леверкузен 3:0

Во последниот меч за денешната програма, Вердер Бремен го пречекува Ајнтрахт Франкфурт од 18,30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2019 10:56