Тенисерката Наоми Осака стана првата Јапонка која со најдобар пласман на ВТА рејтинг листата. Таа по освојувањето на Австралија опен, од утре ќе се искачи на првата позиција на рангирањето на светските тенисерки.

Претходно, најдобриот резултат од оваа земја го имаа Кимико Дате во женска и Кеи Нишикори во машка конкуренција.

Најмногу пласмани на првата позиција на ВТА листата имаат тенисерките од САД – шест. Повеќе од еднаш, прв светски рекет во женска конкуренција дали и следниве држави: Русија, Германија, Србија, Белгија и Шпанија, сите по двапати.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2019 12:13