Рафаел Надал по поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен, изјави дека ривалот одигра на високо ниво и му го честиташе трофејот.

Новак покажа високо ниво на овој меч и воопшто на цел турнир. Заслужено го освои трофејот. За мене е важно дека после повредата се вратив и еве успеав да стигнам до самата завршница. Ќе се трудам да бидам уште подобар и повторно да се искачам на врвот, изјави Надал.

Ѓоковиќ денеска во финалето на Грен слемот во Мелбурн забележа победа над Шпанецот со 6:3, 6:2 и 6:3, за седма титула на АО.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2019 13:08