Приказната за исчезнувањето на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала може револуционерно да го промени фудбалот. Напаѓачот премина од француски Нант во Кардиф, но авионот, со кој замина кон новиот клуб, исчезна. Играчот сè уште не е пронајден, иако властите го пребаруваа регионот каде авионот за последен пат бил фатен на радар, а веќе е лансирана и приватна потрага по Аргентинецот.

Ситуацијата е многу комплицирана во однос на финансиските односи помеѓу Нант и Кардиф. Тимот на Премиер лигата не сака да плати 15 милиони фунти за трансферот, па дури и ги тужи агентите на Сала. Според Кардиф, менаџерите не биле во можност да организираат легален лет за нивниот клиент и го пуштиле да патува со пилот, кој нема комерцијална дозвола за летање.

Нант има документ кој потврдува дека играчот не е нивна сопственост и му припаѓа на Кардиф и клубот мора да плати за играчот. Од друга страна, трансферот на играчи во клубови од различни земји бара посебен сертификат за трансфер (ITC), кој недостасува. Токму неговото отсуство ќе им овозможи на адвокатите на Кардиф да бараат и да го оспорат плаќањето на износот на трансферот. Од друга страна, по потпишувањето на договорот, Сала веќе не е во сопственост на Нант, а Французите ќе инсистираат на исплата според договорот.

Не е јасно како ќе се заврши овој случај, но јасно е дека претстои долготрајна судска постапка. Исходот од неа најверојатно ќе ги промени правилата на фудбалот, кои се однесуваат на овој аспект.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2019 12:22