Шефицата на одделот за Блискиот Исток во Службата за надворешна акција на Европска унија, Ерика Ферер, оцени дека не е време за нормализација на односите меѓу ЕУ и режимот во Сирија.

– Без знак за промена кај сирискиот режим, нормализацијата би била несоодветна и дури неефикасна за да се поттикне промена на односот на режимот, објасни таа пред Европскиот Парламент.

Таа предупреди дека „со оглед на ситуацијата на терен, позицијата на ЕУ за враќањето на бегалците, за реконструкцијата и нормализацијата би можела уште повеќе да биде доведена во прашање“. Повеќе арапски земји ги нормализираа своите односи со Сирија и опцијата за враќање на земјата во Арапската Лига е на маса.

– ЕУ мора да биде силна и обединета околу резолуцијата 2.254 и да не се откаже од својата поттикнувачка улога, изјави Ферер.

Според нејзе, не е време за отстапки кон сирискиот режим.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2019 12:57