Тимовите од Формула 1 не ја поддржаа идејата на сопствениците на најбрзиот „циркус“ во светот за заедничко претставување на новите болиди за претстојната сезона.

Како што објави „Ауто мотор унд спорт“ понудата за презентација на болидите преку грандиозната емисија со емитување во живо е дискутирана и категорично отфрлена. Тимовите не сакаа да го споделат медиумското внимание со конкурентите.

Дефинирани датуми за презентација на своите болиди досега имаат:

Торо Росо (11 февруари) Рено (12 февруари) Расинг Поинт (13 февруари) Мекларен (14 февруари) Ферари (18 февруари) Заубер (18 февруари).

Се очекува термините за промоција на своите болиди да ги објават и: Мерцедес, Хас, Ред Бул и Вилијамс.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2019 15:45