Реваншот помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер ќе се одржи на 27 април или 18 мај, објави „Боксинг Сцин“. Шоуто ќе се одржи во центарот „Баркли“ во Њујорк.
Првиот меч во декември во Лос Анџелес заврши драматично. Тајсон Фјури се исправи на нозе по нокдаун во последната рунда, за на крајот да слушне како судиите прогласуваат нерешено.
Реваншот повторно ќе биде за титулата на Светскиот боксерски совет во категоријата во тешка категорија.