Ексклузивниот производител на гуми за тимовите од Формула 1, Пирели, планира оваа година да започне тестирање на пневматици кои ќе се употребуваат сезоната 2021.

Како што објави Ф1, компанијата го направи овој чекор со цел најдобро да се подготви за големи промени во техничките прописи што ќе важат од 2021 година. Меѓу другите, ќе се воведат 18-инчни гуми наместо сегашните 13-инчни.

– Прототипите веќе се развиваат во истражувачкиот центар на Пирели во Милано. Во втората половина од 2019 година тие ќе бидат тестирани, објавија од компанијата.

За потсетување, Пирели победи на тендерот за снабдување со гуми на Ф1 тимовите до 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2019 19:58