Републиканци и демократи од двата дома на Конгресот на САД синоќа поднесоа Предлог-закон, за кривичо гонење и драконски казни за прекршоци поврзани со допинг во сите натпреварувања каде се вклучени американски спортисти.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Предлог-законот, нарачен „акт Родченков“ во чест на Григориј Родченков, руски свиркач и поранешен раководител на рускиот Антидопинг центар, предвидува казни за прекршителите во висина од еден милион долари и до 10 години затвор.
– Од искуство знаеме дека недостојното поведение на руската корумпирана власт бара построг однос. Ако изреагираме со нешто помлако од овој закон, тоа ќе биде примено како охрабрување. Реакцијата на ВАДА (Светската антидопинг агенција) и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) e целосно несоодветна на скандалите со допинг во Русија, изјави сенаторот Шелдон Вајтхаус.
Тој дададе дека дошло време за „стрoги казни за руските измами со што се праќа сигнал до Русија и другите држави дека неможат да користат лаги и корупција како инструмент во надворешната политика“,
Родченков во 2015 го откри скандалот со тајната програма за допинг на руски спортисти, спонзорирана од властите, со што се наруши угледот на ВАДА и ИОК, додека победата на руските спортисти на повеќе атлетски натпреварувања, како Зимските олимписките игри во Сочи во 2014 година беа оценети како „валкани“.
Многу од медалите што руски наптреварувачи ги освоија на Игрите, подоцна им беа одземени од страна на ИОК.
Во септември ВАДА и ја врати акредитацијата за работа на Руската антидопинг агенција (РУСАДА), која и беше одземена во 2015 година. Неодамна ВАДА не и го одзеде статусот на РУСАДА, иако руската антидопинг агенција задоцни со давањето пристап до податоците за проверка на допинг пробите на руските спортисти.