Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен го совладаа Вршац со 78:69. По овој триумф, четврти во низа „сино-белите“ се вратија на втората позиција на табелата во АБА-2 лигата.

Домаќините ја добија првата четвртина со 19:17, а веќе на полувреме имаа двоцифрена предност (41:29) која им овозможи рутинирано второ полувреме, иако гостите во 25.минута поведоа, а на крајот на третиот период се доближија на само четири разлика.

Најефикасен во победничкиот состав беше Предраг Самарџиски со 17 поени, кај Вршац се истакна Страхиња Јовановиќ со 15 коша.

За МЗТ Скопје ова беше 13. Победа наспроти петте порази, додека Вршац го претрпе 17. Пораз и остана на само една победа.

Во следното коло аеродромци гостуваат на Динамик на 7 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2019 09:56