Пилот на Формула 1 тимот Вилијамс, Роберт Кубица верува дека луѓето задоклжени за болидите ќе учат од грешките од минатата сезона.

Во зима сите тимови работат напорно на своите болиди. Ние не сме исклучок. Работиме неуморно. Ова е важна работа, бидејќи е тешко подоцна да се поправат евентуални недостатоци на почетокот на сезоната. Ние мора да научиме од ланските грешки. Ова ќе го направи животот полесен за нас во иднина. Јас лично ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот д анапредува. Но, јас не сум дизајнер. Можам само да дадам технички повратни информации. Сигурен сум дека заедно ќе го вратиме тимот на вистинскиот пат, изјави Кубица. Полскиот возач претстојната сезона ќе се врати во Формула 1 по осумгодишна пауза.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2019 13:57