Шпанецот Рафаел Надал објави дека во следниот период планира да се одмори. Според него, тој има намера да се врати на терените на турнирот во Акапулко, кој ќе се одржи од 25 февруари до 3 март.
Ми требаат натпревари, но не можеш да трчаш по нив стално. Неопходно е да се земе предвид возраста. Имам календар и приоритети. Сега сакам да се вратам дома и да се одморам, изјави Надал. Мојот следен чекор е турнирот Акапулко. Јас секогаш сакам да играм таму. По Акапулко, ќе одам во Индијан Велс. Тоа ми е според календарот. Сигурен сум дека нема да играм на друго место пред овие турнири, дополни Надал.